Play Video

Крофната Арна​

Автор: Лори Келер

Илустратор: Лори Келер

Преведувач: Гордана Поповиќ Фридман

Издавач: Henry Holt and Company – Maximilian Press Book Publishers

Чита: Билјана Драгичевиќ Пројковска

Времетрање: 19 минути

На прв поглед Арна е како и секоја друга крофна, округла, посипана со чоколадо и украсена со шарени трошки во разни бои и дупка на средината. Направена во најдобрата пекарницата во центарот на градот, Арна е горда на себе и со нетрпение очекува да открие какви возбудливи авантури ја чекаат во иднина кога ќе ја избере некој купувач. Но таа не знае дека крофните се прават…за да се јадат! Ќе дозволи ли Арна да ја изедат како и останатите крофни или ќе се обиде да направи се што е возможно за да ја промени својата судбина?