Play Video

Детективот Игуана: Случајот на исчезнатиот камелеон

Автор: Нина Лејдн

Илустратор: Нина Лејдн

Преведувач: Гордана Поповиќ – Фридман

Издавач: Chronicle Books

Чита: Игор Ангелов

Времетрање: 10 минути

Кога Детективот Игуана го прифаќа случајот на исчезнатиот камелеон Леон, забавата започнува. Камелеони тешко се наоѓаат – постојано ги менуваат боите. Затоа, детективот Игуана закачува постери низ целата шума (во различни бои, се разбира) и бара насекаде, во мочуришта, под камења и по дрвја, па се до Гуштерскиот салон каде што неочекувано налетува на клучот на целата мистерија. Не пропуштајте ја оваа возбудлива детективска приказна, нема да зажалите!